Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денеска согласно своите законски надлежности, формираше Работен тим – Task Force, со цел уште поинтензивно, покоординирано и попрецизно детектирање, идентификување, документирање и разбивање на криминалните групи и поединци кои организирано или самостојно се занимаваат со недозволена трговија со дрога, без разлика дали дејствуваат на локално, регионално, национално или меѓународно ниво.

-Со формирањето на овој специјализиран тим, борбата против недозволената трговија со дрога влегува во нова, поенергична и поодлучна фаза. Преку системски, координиран и професионален пристап, во функција се ставаат сите расположливи човечки, оперативни и технички капацитети на полицијата, со единствена цел – бескомпромисна пресметка со оваа форма на криминал. Недозволената трговија со дрога претставува една од најсериозните закани за општеството, која не ги загрозува само поединците, туку и семејствата, заедниците и иднината на младите генерации, велат од МВР.