Во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат А3 Брегана-Липовац, на јужната коловозна лента, еден маж загина, а уште еден е повреден, јавуваат хрватските медиуми.
Според нив, известувањето за несреќата било примено во Центарот за оперативни комуникации на Полициската управа Брод-Посавина околу 19:10 часот.
Од Томислав Ковачевиќ, полициски службеник за односи со јавноста на СВР Брод-Посавина, се дознава дека починатиот (51) бил државјанин на Македонија, кој бил сопатник во автомобил со италијански регистарски таблички.
Другиот патник, кој е повреден во несреќата, исто така е македонски државјанин, а се наоѓал во автомобил кој излетал од патот.
Увидот на полицијата е во тек, по завршување на истрагата ќе се знаат сите околности поврзани со несреќата и причината за слетувањето од коловозот.