-Македонски телеком се оградува од приватниот став на г-ѓа Шкодране Дардишта изнесен на социјалната мрежа Фејсбук. Го осудуваме ваквиот личен став и наскоро очекуваме реакција од Владата, која ја постави г-ѓа Дардишта како независен член на Одборот на директори на Македонски телеком, наведуваат во соопштението.

И нејзиниот партиски лидер Али Ахмети ја осуди изјавата на Дардишта, истакнувајќи дека ДУИ во каузата ја има слободата и таквите изјави не се во интерес на партијата.

Во јавноста имаше бројни реакции со осуда на ваквите размислувања на активистката на ДУИ, меѓу кои и на Стојанче Ангелов од Достоинство, кој апелираше Дардишта да ја остави воинствената и распалувачка реторика и наместо со закани за војна против актуелните политички процеси да се бори со демократски средства.