Стоилковски потенцираше дека СДСМ го обесправи и понижи македонскиот работник. На денот на трудот, кога работниците се борат за своите права, над 1000 македонски работници останаа без работа, стотици фирми престанаа со работа, илјадници семејства останаа без леб поради лошите владини политики и криминалите кои владеат во државата.
-СДСМ и Заев покажаа дека не се грижат за македонскиот работник, не се грижат за малите и средни претпријатија, туку единствена преокупација им се криминалните зделки и крадење на народните пари, додека обичниот граѓанин едвај преживува, додаде Стоилковски.
Македонските работници немаат никаква сигурност, бидејќи голем дел од нив не земаат редовно плата, не примаат никаква помош. злоупотребени се на секаков начин, а власта не се труди на никаков начин тоа да го промени и да го врати достоинството на македонскиот работник, вели Стоилковски
Стоилковски додаде дека наместо реални мерки и чекори кои ќе помогнат на македонските работници и ќе ги мотивираат да продолжат, Владата предводена од Зоран Заев секојдневно манипулира и лаже.
-Зоран Заев е човекот кому не му се важни економските проблеми и маките на обичниот граѓанин, туку се фокусира само на криминалите кои секојдневно се случуваат и на задскривање на директните иницијатори на криминал во државата, меѓу кои Дончев, Рашковски и останатите кои не понесоа одговорност, истакна Стоилковски