Македонската женска ракометна репрезентација и на втората средба против Шпанија беше поразена, овој пат на гостински терен со 24-20 во меч од четвртото коло во квалификациите за ЕП 2024 година.

И покрај ова, „црвено-жолтите“ останаа на второто место на табелата со четири бода, два повеќе од третопласираната Литванија и последнопласираниот состав на Азербејџан.

Македонија пласманот на ЕП 2024 година ќе го бара на последните два меча, против Азербејџан на гости и Литванија на домашен терен, селекции кои веќе еднаш ги совлада.

Кипријановска и Маџовска имаа по три гола, додека Коларовска, Гичевска и Ристовска по два погодоци.