Западните земји се обидуваат да откријат како да воспостават врска со талибанците кои ја презедоа земјата со брзо напредување во август, додека американските сили се повлекуваа.
САД и другите западни земји ги затворија своите амбасади и ги повлекоа своите дипломати, додека талибанците го окупираа Кабул, по што милитантите прогласија преодна влада чии најважни членови се под санкции на САД и ОН.
-Размислуваме за организација меѓу неколку европски земји… заедничка локација за неколку Европејци, што ќе им овозможи на нашите амбасадори да бидат присутни, изјави Макрон пред новинарите во Доха пред да замине за Џеда во Саудиска Арабија.
САД, европските земји и другите не сакаат формално да ги признаат талибанците во кои доминираат Паштуни, обвинувајќи ги дека ги се откажале од ветувањата за политичка и етничка инклузивност и поддржување на правата на жените и малцинствата.
-Ова е поинаков начин од политичкото признавање или политичкиот дијалог со талибанците… ќе имаме претставништво штом успееме да го отвориме, изајви Макрон.
Во изјавата по разговорите со талибанците пред една недела, Европската унија навести дека наскоро би можела да отвори мисија.