Францускиот претседател Емануел Макрон имал разговор со неговиот руски колега Владимир Путин кој траел повеќе од два часа, соопшти Елисејската палата.
Наскоро се очекува соопштение од француската влада.
Според Кремљ, Путин му кажал на Макрон за напредокот на „специјалната операција за заштита на Донбас“ и евакуацијата на цивилите „држани од националистите“ од фабриката Азовстал во Мариупол, користејќи термини за да ја оправда неговата инвазија на Украина.
Путин подвлекол дека и покрај „неподготвеноста“ на властите во Киев, Москва сè уште е отворена за дијалог.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано изјавува дека сака директно да разговара со Путин.
Според соопштението на Кремљ, Макрон го покренал прашањето за глобалната безбедност на храната. Путин во одговор му рекол дека ситуацијата е комплицирана поради санкциите воведени од западните земји, пренесува Си-Ен-Ен.