-Целта на овој повик беше да се стави крај на оваа криза, изјави советникот на Макрон за новинарите по телефонскиот разговор од 1 час и 45 минути што го започна Макрон.

Во однос на миграциското прашање, дури и ако нема конвергенција за потеклото на актуелната криза на границата со Белорусија, Владимир Путин му рече на претседателот дека ја разбира потребата да се стави крај на тоа, пред сè поради човечката пристојност спрема мигрантите кои се инструментализираат, рече советникот.

ЕУ вели дека Москва има улога во создавањето миграциски притисок и може активно да помогне во ублажувањето на истиот.