Две лица загинаа кога едномоторен авион денеска се урна во станбена област во градот Бурса, северозападна Турција, соопштија локалните власти.

Во несреќата загинале инструктор и пилот на обука, додека на земја нема жртви.

Според локалните медиуми, авионот се урнал веднаш по полетувањето од аеродромот Јунусели.

Бурса се наоѓа на 90 километри јужно од Истанбул.