Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Прилеп.
Извршен бил увид на местото на незгодата од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
На 13.07.2021 во 21.35 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Кореница-с.Годивје, кај место викано „Рештарица“, прилепско, мотоцикл „мондиал“, без регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од с.Кривогаштани, прилепско, удрил во приколка прикачена на паркиран трактор „ИМТ-533“, сопственост на Н.Н.(20) од с.Годивје, информира МВР.