Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција упати низа критики на конто на Венко Филипче кој е ексминистер за здравство.
Соопштението го пренесуваме во целост:
Почитувани,
Филипче ги лажеше граѓаните за нов Клинички центар, само за да може да го краде народот.
Филипче и СДС му ветуваа на народот нов Клинички, а во реалноста даваа физиолошки раствори наместо лекови.
Филипче и СДС му ветуваа на народот нов Клинички, а во реалноста граѓаните добија урнисано и запоставено здравство.
Филипче и СДС му ветуваа на народот нов Клинички, а во реалноста Пановски добиваше милионски тендери, а граѓаните поскапи лекови.
Филипче и СДС му ветуваа на народот нов Клинички, а во реалноста Филипче си местеше тендери и провизии од лекови и вакцини.
ВМРО-ДПМНЕ остави готов проект за кој беа обезбедени 128 милиони евра, кој доколку се беше како што треба, ќе беше готов во 2021 година.
Филипче и СДС немаа план да градат нов Клинички, туку имаа план да ги полнат сопствените џебови со народни пари.
Откако граѓаните видоа дека СДС и Филипче немаат план за нов Клинички и дека приоритет им се провизии и тендери, излегоа со изјави дека нов Клинички ќе се гради во 2019 година за 500 милиони евра.
Почитувани,
6 години подоцна, веќе сме 2025 година, нема ни К од Клинички.
За среќа на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ветувањата ги претвора во реалност. Нов Клинички ќе има“, се вели во соопштението.
Видео изјава од Манасиевски каде го разобличи Филипче погледнете ја во продолжение.
Извор: ВМРО-ДПМНЕ