Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на својот фејсбук профил објави статус со кој ги разоткри лагитe на ССМ и СДСМ.

– Иако станува збор за ПРОСЕЧНА синдикална кошничка, ССМ во новата пресметка за мај месец, пресметала минимално намалување од 54 денари во споредба со кошничката од април месец, напиша Манасиевски.

Во услови на најголемата историски гледано енергетска и нафтена криза, ние имаме најниски цена на горивата во регионот, па и Европа, ММФ директно ја посочи Македонија како една од трите земји кои презела најдобри мерки за справување со кризата, цената на струјата не се поскапува ниту за денар, а во исто ова време, растат платите, пензиите, капиталните инвестиции се реализираат и се враќаат долгови кои неспособната власт на СДС и ДУИ ги создаде за да можат да си ги пикнат во џеб.