Таа листа не е конечнa и не е на предлог на Министерството за правда, напиша на Фејсбук министерот за правда Бојан Маричиќ.Додава дека откако ја видел во петокот почнал процедура за нејзино повлекување, која денеска се формализирало.
-Со мој потпис списокот го вратив назад кај затворите на уште едно разгледување, напиша Маричиќ.
Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за МИА потврдија дека Комисијата за помилување ќе ја закаже седницата кога ќе пристигне финалниот список од Министерстовото за правда со предлозите за групното помилување.
-Комисијата за помилување ќе ја закаже седницата кога ќе пристигне финалниот список од Министерстовото за правда со предлозите за групното помилување. Јавноста како и секогаш ќе ја информираме веднаш кога ќе се донесат одлуките, велат од Кабинетот на Пендаровски.
На списокот за помилување од издржување на дел од затворската казна или за целосно помилување како предлог до претседателот на државата Министерството за правда има 48 лица. Меѓу имињата, како што објавија дел од медиумите, се и бизнисменот Сеат Кочан, Александар Василевски-Нинџа, контроверзниот сведок на обвинителството за случувањата на 27 април 2017 година, Бобан Илиќ, осуден за убиството на 4 годишниот Алмир во Куманово