Според министерот за правда, проблемот со Бугарија може да се реши само преку заемно почитување и со европско однесување.

– Доколку се има искрен пристап и однос што не е потценувачки за никого, договор и деблокирање на процесот е можен, изјавил Маричиќ.

Тој на ЕПЦ информирал и за длабоките реформи што се спроведуваат со цел враќање на довербата на граѓаните во правната држава.

На брифингот Маричиќ говорел и за претстојниот попис и за неговото огромно значење за државата.

Според него првата фаза од попишувањето заврши успешно и дека за неколку дена, односно од 1 април, ќе почне и успешно ќе се спроведе главната фаза на статистичката операција.

Според Маричиќ, Македонија немала попис веќе 20 години, а таа состојба повеќе е неиздржлива.