Самиот штипјанец на социјалните мрежи постави видео на кое се гледа дека со своето Порше вози 320 на час. Ова претставува прекршок за кој според македонското законодавство се одзема возачката дозвола.

Освен ова, хоби на Јордев на социјалните мрежи политички пцуе и се заканува на социјалните мрежи.

-Крвта да ви ја е*ам вмровска се по список да ви е*ам… Никогаш, ама никогаш да не се вратите на власт. – пишува Јордев на фејсбук споделувајќи објава на премиерот Зоран Заев.

Инаку, овој бизнисмен има добиено пари од фондот за иновации. Во една од објавите на Фондот за инвации стои дека неговата компанија добила пари, а фотографиран е заедно со директорот Коста Петров.

Македонската компанија #МебелИнженеринг од Штип е поддржана од #ФИТР со цел отворање на нов капацитет – пилана за производство на букова граѓа.
Компанијата е извозно ориентирана, а се занимава со производство на дрвени столици и маси. Новиот објект кој го отвораат ќе придонесе за заживување на стар објект кој долго време воопшто не бил во функција. – стои во објавата на ФИТР.

Македонската компанија #МебелИнженеринг од Штип е поддржана од #ФИТР со цел отворање на нов капацитет – пилана за…

Posted by Фонд за иновации и технолошки развој on Sunday, December 6, 2020

Инаку овој контроверзен бизнисмен го гради и Штип Сити Мол, нов трговски центар кој почна да се гради на крајот од минатата година.

Да видиме дали полицијата ќе му ја одземе возачката дозвола, или законот нема да важи за овој тајкун на власта.