Денешниот државен и верски празник Св. Климент Охридски е безвременски синоним на македонската духовност, писменост и идентитет. Чествувањето на Св. Климент Охридски, големиот просветител и духовник, нема само национална димензија. Универзалната големина на неговото дело е од суштинска важност за севкупната европска култура, напиша на Фејсбук вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Неговата мисија, како што поосчи Маричиќ, е наша водилка за уште поголеми достигнувања и промовирање на општо цивилизациските вредности за заедничко почитување, помагање и разбирање помеѓу сите народи.
-Наша должност е да го почитуваме и достојно да го продолжиме делото и мисијата на Св. Климент Охридски, грижејќи се и унапредувајќи ја просветната и духовната дејност. Вечен нека е неговиот спомен, а неговото дело аманет за идните генерации во градењето демократско, толерантно и европско општество за сите, истакна Маричиќ.