Јавното обвинителство во Белград потврди дека Матеј Периш дефинитивно се удавил во ноќта меѓу 30 и 31 декември 2021 година, при што деталната анализа открила и други информации.
-Токсиколошките анализи покажаа присуство на амфетамин во крвта и органите со присуство на етил алкохол, а во косата е идентификуван кокаин, пренесоа медиумите од регионот.
Анализата ја потврдиле три лица, односно доктори специјалисти по судска медицина.