Осомничени се 31-годишен маж и 29-годишна жена, кои наводно ги прескокнале оградите во Кралската ложа, во близина на местото каде што кралицата ги шета своите кучиња и јава коњи, пишува The Sun.
Кралицата во тоа време не била на имотот, но според извештајот, принцот Ендру бил таму.
Двојката е уапсена и наводно е пуштена со кауција.
Ова е втор инцидент со кражба на кралскиот имот што се случува за само неколку дена. Да потсетиме, во средината на април на кралскиот имот е уапсена 44-годишна Шпанка која тврдела дека му е свршеница на принцот Ендрју.
– Ова е зачудувачки пропуст. Сите беа во состојба на готовност по првиот натрапник, и сега тоа се случува повторно. Некој ќе одговора. Тоа е непростливо, изјави извор за британскиот таблоид.
Двојката талкала наоколу пред некој да ги забележи и повикале полиција.
“Тоа е целосно неприфатливо и ја прави кралицата ранлива. Ова е многу загрижувачко и работите навистина треба да се променат”, рече Кен Варф, долгогодишен телохранител на принцезата Дајана.
За време на пандемијата на коронавирус, кралицата остана во замокот Виндзор наместо во Бакингемската палата.