На бројот 112 попладнево добиена е пријава за исчезнато лице во с.Лазарополе, Општина Маврово –Ростуше
-Се работи за лицето Димитар Пенов роден 1949 година. Лицето е со дијагноза деменција и е исчезнат од 13 30 часот. Лицето е облечено со тегет тренерки и тегет џемпер, информира ЦУК.
Настанот е пријавен во Полициска станица Ростуше.