Припадниците на граничната полициска станица Ќафасан, како резултат на постојаната размена на информации помеѓу Интерпол Тирана, на при влез во Република Албанија, овозможија апсење за екстрадиција во Бразил на Ф.В. 39- годишен, жител на село Велешта, Струга, стои во полициското соопштение.
Се додава дека шестиот федерален кривичен суд во Рио де Жанеиро на 27 ноември 2019 година, издал налог за апсење на Ф.В. за кривично дело „трговија со наркотици“. Процедуралните активности беа спроведени од страна на стручни лица за истрага на криминал од полицискиот комесаријат во Поградец, додека Интерпол Тирана ги следи процедурите за негова екстрадиција во Бразил, стои во соопштението.
Се посочува дека Граничната полициска станица Ќафасан во соработка со царинските органи, како и на сите други гранични премини, во рамки на заложбите за спречување и сузбивање на незаконитост од секаков вид, реализираат зголемени контроли врз основа на анализа на ризик.
Тоа посебно во овој период кога фреквенцијата на патници и возила е зголемена.