На 08.05.2024 во 13.00 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во место викано „Црно поле“, атар на Неготино, Т.К.(62) од Неготино, додека извршувал земјоделски активности на нива со трактор, изгубил контрола и се превртел со тракторот.

Т.К. бил пренесен во Итна медицинска помош, каде што лекар констатирал смрт.

Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Неготино.