Реконструкцијата на Старата скопска чаршија влегува во завршна фаза, а најголемиот дел од работите веќе се реализирани. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека проектот ѝ дава нов лик на Чаршијата, истовремено зачувувајќи го нејзиниот идентитет и традиционален карактер.
На површина од 1.567 м², зафатите ја опфаќаат подземната инфраструктура и уредувањето на просторот над неа: водоводната и канализациската мрежа, електричната мрежа и оптичките влакна, реставрацијата на калдрмата со травертински камен, поставувањето ново традиционално осветлување и уредувањето на пешачките површини.
„Ветивме дека ќе ѝ го вратиме сјајот на Старата чаршија и денес резултатите се видливи. По повеќе од пет децении, реализираме темелна реконструкција, од подземната инфраструктура до конечниот изглед, притоа зачувувајќи го идентитетот што ја прави Чаршијата посебна. Со инвестиција од над 28 милиони денари, создаваме подобри услови за граѓаните, занаетчиите, бизнисите и посетителите“, изјави Меџити.
Со завршувањето на проектот, Старата скопска чаршија ќе добие модернизирана инфраструктура и пофункционални јавни површини,
