Тој за „Слободен печат“ вели дека неизборот на нови партиски тела ги прави партиските функционери нелегитимни.
– По конгресот Генералниот совет не се состана за да избере ново раководство и партиски тела и покрај минатомесечниот состанок на кој се дискутираше за работата на партиските функционери во извршната власт. Според ова, сите партиски функционери кои се вршители на должноста се нелегитимни. За организирана и голема партија како што е ДУИ, ваквата состојба е неподнослива, со оглед на тоа што таа е на власт неколку години. Нема одреден датум кога генералниот совет може да се собере за да ги избере партиските тела, изјави за „Слободен печат“, Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.
Инаку по четвртиот конгрес на ДУИ одржан во декември 2019 година во Скопје, генералниот совет на ДУИ се состана само еднаш минатиот месец, но не избра ново претседателство и партиски тела кој треба да го спроведе партиската политиките на ДУИ.