Од компанијата на војводата и војвотката од Сасекс, „Archewell Productions“, ја најавија првата документарна серија која ќе биде прикажана на платформата на Нетфликс, под називот „Heart Of Invictus“.
Меган и Хари минатата година потпишаа договор со Нетфликс, за кој се смета дека вреди милиони фунти, пренесува „News sky“.
Од продукцијата најавуваат дека серијалот ќе следи група на луѓе од целиот свет, кои како припадници на вооружените сили ‘претрпеле повреди или болести што им го смениле животот’, на патот до Invictus games.
Целта на серијалот е да им пружи психолошка и физичка рехабилитација.
Принцот Хари е извршен продуцент на серијалот.