Британската пејачка и членка на поранешната поп-група „Спајс грлс“, Мел Би откри дека веќе пет недели се бори со Ковид-19.

Популарната „спајсица“ објави фотографии од Малдивите со порака дека би сакала да е таму, но дека мора да лежи во кревет поради болеста.

Замислувам во главата дека сум тука. Ах, какво прекрасно место – Сонцето, кристалното сино море и целосно „расипаното“ однесување во вилата наречена по мене… Но, во реалноста сум завиткана во креветот и се обидувам да го надминам долготрајниов Ковид – објави Мел Би, која порачува дека корона вирусот не е шега.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Scary Spice Mel b (@officialmelb)