Рамиз Мерко остро ги демантира шпекулациите дека се испазарил со ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на Менди Ќира во Струга, велејќи дека нема никакви тајни договори и дека „Мерко веќе не се меша во изборите“.
Лаги и шпекулации. Мерко си седи на страна и не се меша во никакви избори – вели во изјава за „Слободен печат“, Рамиз Мерко, за кого во изминатите денови се појавија информации дека наводно се испазарил со ВМРО-ДПМНЕ за влез во Владата во замена за поддршка на независниот кандидат Менди Ќура во Струга зад кој застана Вреди.
Поддршка за него даде и партијата на ВМРО ДПМНЕ, која не номинираше свој кандидат во градот на поезијата.
