– Нема напредок, но и нема што да се промени брзо. Речиси ништо не е исполнето со Договорот за пријателство и соработка. Тоа е главниот проблем, а не работата на историската комисија. Потребната катарза во историското размислување не може да се случи без политичка волја за тоа, а дипломатијата е само функција на политиката и не треба да се става акцент на тоа, изјави Димитров, иако призна дека историјата е најболната точка.
Тој истакна дека компромиси во науката не само што не треба да се прават, туку и не треба да се очекуваат, а очигледно таков бил и ставот на нивните колеги од Северна Македонија.