Попладне и кон крајот на денот ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во сабота времето ќе биде претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
УХМР најавува и дека утре и во четврток времето ќе биде сончево и многу топло со пораст на дневната температура.
Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.