Фондацијата, чиј директор за комуникации е сопругата на премиерот Борис, Кери Џонсон, има намера следната година да пренесе 13 слона од паркот за диви животни „Хаулетс“, во англискиот округ Кент – до Кенија. Тоа би било лет од 7.000 километри оддалеченост. А пак, вкупната тежина е 25 тони, и тоа, со еден авион. Најмладиот од слоновите, Нгуву е роден во март 2020 година.

-После неколку години проценка на придобивките и опасностите во Фондацијата, се одлучивме за овој невиден проект и оваа вистинска светска премиера, се вели во изјава на Кери Џонсон и претседателот на здружението – Дејмијан Аспинал, во „Сан“.

Тоа е операција што ќе им овозможи на слоновите да имаат продолжен животен век и подобар живот, бидејќи заробеништвото предизвикува стрес и депресија кај овие животни. Фондацијата истакна дека ќе работи со тимови кои се борат против ловокрадството, за да се обезбеди долгорочно преживување на стадото во Кенија.

-Со текот на времето, ќе има десетици, па и илјадници нивни потомци и тие ќе се сместат во екосистемот, што ќе помогне и да се стимулира кенискиот туризам, рекоа одговорните, изразувајќи надеж дека ова би било „револуционерна фаза за земјата и движењата за зачувување на природата”.

Фондацијата „Аспинал“ веќе врати во природата некои од животните родени во зоолошките паркови, вклучувајќи тука горили и црни носорози.