– Ќе понудиме законски решенија, ќе понудиме измени коишто ќе помогнат и ќе ја олеснат економската и здравствена ситуација, рече Мицевски.
Пратеникот посочи дека тоа се демокраските чекори и тоа е што може да се направи.
– Прво, масовно излегување ќе биде сега во недела на 25 април кога како ВМРО-ДПМНЕ активно даваме поддршка на уставобранителите и кога ќе застанеме позади неправедно осудените. Ние имаме покрај политчки и економски затворени граѓани, имаме и уставобранители коишто врз основа на лажни сведочења се заглавени таму. За да не бидам спинуван, уште еднаш ќе повторам дека насилното однесување не го оправдувам никогаш, посочи Мицевски.