-Предлогот за укинување на Пржинска влада беше поднесен, на координацијата помеѓу претседателот на Собранието и сите координатори на пратенички групи го дадов на увид. Побарав да се консултираат и доколку сакаат да го потпишат тоа законско решение. Истото не беше направено во текот на понеделникот. И ние во попладневните часови тоа го поднесовме и очекуваме дека на денешната седница така и беше барањето на денешната седница која што ќе се одржи денес од 11 часот дека тоа ќе се најде како дополнет предлог на Дневниот ред, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во гостување во „Утрински Брифинг“.

Мицевски додаде дека не се чепка изборниот законик, ова се однесува на Влада.

-Сега на начинот на кој што се прави избор 100 дена влада Пржинска, па промена на министри, па тоа усогласување повлекува повеќе од 100 дена односно можеби 120-150. Мораме тоа да го скратиме и да се вратиме во уставните рокови, односно 45 до 60 дена за одржување на избори. Ние од страна на СДСМ како најголема владејачка партија во минатото слушнавме дека е согласна да Пржинската влада го надминала времето кое што беше формирана и дека истата повеќе не ја дава функцијата за која што била формирана, нагласи Мицевски.