„Дојдовме до една втора фаза ја би рекол после донесувањето на првичниот и основниот закон за попис на население, домаќинства и станови во Република Македонија за 2021 година. На кој што закон ВМРО-ДПМНЕ поднесе 26 амандмани со конкретни забелешки меѓу тие забелешки беше и одлагање на пописот за 2021 година, како што направија сите држави во соседството кои што разумно размислуваа.

И тие амандмани беа поднесени тука во Собранието, но амандманите беа за двојниот потпис, за методологијата, за резидентно и нерезидентно население, а за жал Левица немаше амандман на основниот закон и се приклучија кон нашите амандмани“, рече Никола Мицевски, пратеник и координатор на пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ на собраниска седница.

Мицевски додаде дека одредени политички партии треба да се заблагодарат на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи токму ВМРО-ДПМНЕ поднесе и иницијатива и со помош на граѓаните се собраа над 100.000 потписи за одлагање на истиот попис.

„Ова владата како што планираше требаше во периодот на заболување на граѓаните и при масовното ширење на КОВИД вирусот да се одржи попис. Добро е што успеавме сега за сега да го одложиме до некое извесно време до кога ќе биде нормална ситуација и ќе има услови за попис. Инаку ако од вчера се тргнеа попишувачите ние во наредниот период ќе имавме 50.000 заразени граѓани“, појасни Мицевски.

Мицевски посочи дека за среќа власта некако увиде дека не треба да се одржи попис и за среќа ја послушаа опозицијата и се одложи.

„Ние остануваме на ставот дека резидентното население и дијаспора се различни поими. Остануваме на ставот дека резидентното население треба да се попише, и дека дијаспората може да се евидентира. Се знае точно што значи привремен претстој во странство, што значи граѓанин иселен надвор повеќе од 12 месеци, што значи одјавена адреса на живеење во Република Македонија. И дајте сите заедно ова да го направиме“, нагласи Мицевски.

Мицевски кажа дека одлагањето на пописот е победа на целата опозиција.

„Пописот е операција која што се одвива според ЕУРОСТАТ и методологијата која што ја има. Не може да има модификација или различно толкување на оваа методологија“, појасни Мицевски.