Говорејќи за тоа како ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да наметне нови правила, затоа што веројатно е дека општините кои ќе ги добие ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат блокирани, Мицкоски вели: – Јас тука имам поинаков пристап политички со делигитимирање на изборите, затоа велам не се сите исти, и го повикувам народот да гласа, процедурата е поинаква има фингерптринт. Откако ќе се направи делегитимирање ќе има промени на Илинденска 2.
Според него кога ќе се создаде таква атмосфера на делегитимирање се ќе биде поинаку.
– Ние ќе работиме чесно и честито, а тие не знаат што е тоа, затоа викам да излезат граѓаните и да ја делегитимираме, демолираме оваа власт и заедно со новата локална власт да направиме серизони чекори: Македонија да ја кренеме економски, рече Мицкоски.