Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вестите на Сител телевизија, истакна дека црната кампања на СДСМ го покажува нивниот очај и ги повика граѓаните масовно да излезат за надеж и нова иднина.

Ова не е негативна кампања, ова е црна кампања, ова го прават луѓе во очај, луѓе коишто знаат дека ги губат изборите и на тој начин мислат дека ќе демотивираат луѓе да излезат и да биде победата на независната кандидатка Данела Арсовска поголема – вели Мицкоски.

Мицкоски посочи дека е уверен дека скопјани во недела масовно ќе излезат и ќе ја дадат поддршката за независната кандидатка Данела Арсовска и повика тоа да го направат за надеж и нова иднина.