Говорот на омраза, особено тој што ги дели граѓаните по етничка или религиска основа, треба да престане, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот Кон“ на Алсат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Како што кажа тој, поважно за граѓаните поважно од тоа се егзистенцијалните проблеми.
„Не зборувам тоа само за ВМРО и за СДСМ туку зборувам генерално, за сите политички партии во Македонија. Во Македонија луѓето имаат суштински егзистенцијални проблеми, мака мачат како да се прехранат…мислам дека овој пат, без разлика дали сме Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци..сите имаме една цел, а тоа е заедно да успееме така што ќе успее Македонија“, рече Мицкоски