Тој вели дека има информации оти оваа средба треба да се одржи до крајот на неделата, како дека нивното постапување зависи од тоа што ќе биде договорено на средбата.
– Законот каков што беше предложен во Собранието, нагласи Мицкоски, не беше прифатлив ниту за СДСМ, ниту за Левица, ниту за нас како партија, а ние поднесовме амандмани. Како резултат на тоа, рече Мицкоски, од коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците ги блокираат сите закони кои влегуваат во Парламентот.
Тоа, нагласи е случај и со оној кој се однесува на финансиската поддршка за компаниите и граѓаните.
За да се одглави овој закон, тој на Заев му предложил ВМРО-ДПМНЕ да ги повлече амандманите на законот за државјанство, а коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците да ги повлече амандманите на законите за поддршка на компаниите и граѓаните и тие да дојдат на седница, каде, речем би се видело кој е за и против и за едниот и за другиот закон. Но, рече Мицкоски, тоа не беше направено.
Додаде дека се остави простор, власта да разговара со коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците. Сега кога има информации за нова средба, рече, да почекаме каков би бил договорот и потоа да се признесеме.
Според него, блокадата на законите за финансиска поддршка е за целосна осуда, бидејќи рече таа и е потребна и на бизнисите и на граѓаните, без разлика на која етничка заедница и припаѓаат.