Вечерва во „Заспиј ако можеш“ во Алфа телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој истакна дека вредно да се постави прашање е дали некој се обидува да ги продаде болницата 8-ми Септември и Букурешт, зошто во спротивно не би бил прифатлив предлогот на ВМРО-ДПМНЕ тие да станат Државен ургентен центар.
Нашиот план со којшто излеговме пред граѓаните на избори во врска со изградбата на новиот Клинички центар, нашиот предлог е да го реновираме постојниот Клинички центар „Мајка Тереза“, потоа да изградиме една зграда којашто ќе биде пред приватната болница „Жан Митрев“, со која што би ја поврзале Букурешт болницата и 8-ми Септември, тоа да стане Ургентен клинички центар, е сега прашањето е зошто тоа не е прифатливо, па ве охрабрувам да истражите дали некој можеби се обидува да ги продаде болницата Букурешт и 8-ми Септември, праша Мицкоски.
Мицкоски вели дека предлогот е добар како и Тетовската, Штипската и Битолската болница да станат Универзитетски клинички болници, а сето ова би било многу поефтино и побрзо да се направи.
Мицкоски вели дека за истиов предлог разговарал со Заев по кој му го побарал проектот, па сеуште чека да види дали власта истиот ќе го разгледа.
Според нашиот проект реконструкцијата на Мајка Тереза Клиничкиот центар би чинела 6 милијарди денари или 100 милиони евра и би се направила за многу побрз период, додека пак останатите болници би чинеле по десетина милиони евра, тоа е двојно поефтино од она што се предвидува, вели Мицкоски.