-Методологијата не е дел од законот. Тој се усвојува на Советот за попис. И таа методологија треба да е во согласност со ЕУРОСТАТ. И во таа методологија на десеттата страница стои што значи резидентно, а што значи нерезидентно население. Како статистичка операција овој попис ќе ги опфати и едните и другите. Но, резидентното население е тоа кое што ќе учествува во статистиката на Република Македонија. И не прифаќам друго и ќе ви кажам зошто. Затоа што нерезидентите – да, се државјани и ги уживаат истите права како и ние кои сме резиденти, но тие не можат со мене да го делат бруто домашниот производ затоа што ние што сме овде и плаќаме даноци го создаваме тоа. А тие го создаваат тој БДП во државите кај што се, изјави на Алфа телевизија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во методологијата стои јасно, рече Мицкоски дека резидентно население е она население кое што е прво граѓанин кој има адреса на живеење во Македонија или е отсутен до 12 месеци. А нерезидентно население, е граѓанин кој ја одјавил адресата од овде од Македонија, се одселил во Париз на пример и се пријавил на улица “Шанзелизе” . После 12 месеци и еден ден пријавен на “Шанзелизе” тој граѓанин е нерезидент.

-Ако некој мисли дека сврзната точка е национализмот во 21-от век, тоа не поминува. Ако сакаме да одиме напред ние мора да веруваме во вредности. А не во субјективни вредности. И тоа е сврзната точка на која ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со секого. Борба против криминал, корупција, нулта толеранција, вистинско општество за сите, а не вакво лажливо општество за сите, подобро образование, земјоделие и така натаму, истакна Мицкоски.