Само нелигитимен премиер кој што е поставен на начин на кој што е така поставен може гласот на народот да го смета за нерелевантен. А, колку е тој релевантен ќе види на 20-ти август овдека во Тетово кога советничката листа на СДСМ ќе доживее класичен дебакл од граѓаните на Тетово. А, на следните предвремени парламентарни избори тој лично и неговите политики како нелигитимен премиер ќе доживеат дебакл од страна на граѓаните на Македонија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски од Тетово денеска при презентирање на советничката листа на општина Тетово за претстојните избори на 20-ти август.

Мицкоски додаде дека тој нема што повеќе да додаде како коментар на денешната изјава на Димитар Ковачевски освен да каже дека за 20-тина дена од денеска и те како гласно ќе одекне народот во Тетово, а потоа и насекаде низ Македонија. А, Ковачевски како нелигитимен премиер ќе слушне што има народот да каже.

-Од власта бегаа кога требаше да се соочат со своите колеги од опозицијата кога се гласаше за доверба на Владата, а бегаат и сега од соочување со граѓаните на референдум. Консултациите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги прави течат, многу скоро веќе на следната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе разговараме на оваа тема, но и многу скоро од денеска јавноста ќе ги знае нашите чекори кон референдумското изјаснување, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.