Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук упати благодарност до сите граѓани кои денеска се потпишаа за кандидатот за претседател на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова.
Денес над 27 илјади граѓани, својот потпис го ставија позади кандидатот за Претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова.
Условот од 10 илјади потписи е надминат.
Ви благодарам за поддршката.
Ова е сериозен патоказ дека народот бара промени и дека доаѓа крај на понижувањата, одземеното достоинство и време кога Македонија ќе стане горда држава каде има надеж и иднина!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.