„Бев во Ресен и таму имаше и Македонци и Албанци јаболкопроизводители кои родот го мерат со цената на чинење на новото патничко возило на Зоран Заев, најнова марка БМВ-то чини колку 3 милиони килограми ресенско јаболко, зошто два денари е килограм ресенско јаболко. И тука нема, цената е иста и за Македоноцот и за Албанецот. Бев и се сретнав со оризопроизводителите, и тутунарите. Земјоделците велат трудот никогаш не чинел помалку“, кажа Мицкоски.
Оттука, тој рече, нашата задача е да се исправи неправдата.
„Ние мора да ја исправиме неправдата. Мора да се бориме и да се бориме за она што веруваме. Јас во Гостивар гледам луѓе подготвени да се борат. И знаете со оваа власт не може да биде подобро. Сите знаеме дека волкот влакното менува, ама не и карактерот. Со овие не може да е подобро, затоа се потребни промени“, порача Мицкоски.