– Ви посакувам од срце светиот месец Рамазан да го поминете во добро здравје Вие и Вашите семејства и нека вашите домови и срца бидат исполнети со радост, среќа, спокој и мир. Светиот месец Рамазан оваа година нека помине во благосостојба и милосрдие, но и молитви и верба дека заедно ќе ги пребродиме предизвиците на ова темно време. Љубовта кон ближните и хуманоста кон посиромашните нека биде водилка која ќе го води човекот и сега и во иднина, како во врска со справувањето со здравствената криза, така и кон градењето на подобра иднина на идните генерации. Секој со свој личен пример и одговорен однос нека даде свој придонес во заштита на својот и животот на своите ближни, но истовремено да покажеме како и низ вековите наназад дека со заемно почитување и заедничко разбирање можеме да работиме за доброто на нашиот заеднички дом, нашата заедничка татковина Република Македонија. Нека е лесен и благословен Вашиот пост. Нека е честит светиот месец Рамазан, се вели во честитката на Мицкоски.