Секогаш е задоволство да се присуства на почеток на проект кој што ќе значи подобар и поквалитетен живот на граѓаните во овој дел на Скопје, конкретно во Општина Бутел, рече на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Оваа детската градинка претставува капитален проект, како што кажа и градоначалникот Дарко Костовски е дел од програмата финансирана од средствата кои што ги пренамени ТАВ, кои што требаше да бидат претходно наменети за изградба на карго аеродром во Штип, а потоа нели со закон беа пренаменети за изградба на инфраструктурни проекти низ Македонија. Исто од мене голема благодарност до тимот на урбанистите овде во општина Бутел кои што наследија проект со многу недостатоци, но, успееја во изминатиот период тој проект да го модифицираат и навистина да претставува еден проект со кој што бутелчани ќе се гордеат, а децата ќе може да го минуваат својот предшколски период во оваа градинка, а родителите ќе знаат дека дечињата им се згрижени согласно сите стандарди кои што треба да ги имаат. Така што уште еднаш мои огромни честитки до градоначалникот, до тимот кој што го износи овој проект, благодарност до финансиерот, тоа е компанијата ТАВ и се надевам дека во иднина ќе гледаме уште многу вакви проекти, не само во Бутел, туку и во сите други општини низ Македонија. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да гради, Владата на СДСМ и ДУИ продолжува да кради, тоа е разликата помеѓу градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и владата на СДСМ и ДУИ, истакна Мицкоски.

Така што мотивот е се поголем, продолжуваме понатаму да реализираме и испорачуваме за граѓаните, додаде тој.