Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Клан дебата изјави дека неприродно е што хонорарот на адвокатот на општина Тетово е 5.000 евра, укажувајќи дека тоа е неприродно, односно како што рече тој тоа се наши и ваши пари.
-Што не прави сите луди кога читаме дека хонорарот на адвокатот на општина Тетово е 5.000 евра месечно, тоа ме боли. Тоа се наши и ваши пари. Во суштина друго е јас да имам сопствена фирма, јас можам да го платам и најскапиот адвокат ако имам пари и ако сакам да го платам. Но, кога јас работам за граѓаните не можам тоа да си го дозволам. Значи не можам тоа да си го дозволам, не природно е, заклучи Мицкоски.
Тој на тетовскиот новинар му ги честиташе новите велосипедски патеки во градот, кои денеска беа хит на социјалните мрежи.