-Не очекувам од овие луѓе кои што се таму во моментот, не очекувам, ако ти продолжат и понатаму да менаџираат со политичката партија СДСМ, не очекувам, бидејќи Зоран Заев ќе си замине сливно кажано, а заевизмот ќе остане. Претпоставувам се обидува да најде некој пион кој што ќе го продолжи неговиот лик и дело и во владата и во СДСМ. Така што таму треба суштински да се сменат работите, но повторно ќе кажам, нема да навлегувам во дополнителни коментари, тоа е нивна работа, тие најдобро знаат како треба понатаму да функционираат. ВМРО-ДПМНЕ она кое што го интересира и она на кое што е фокусирано тоа е испорака на ветеното на граѓаните, вели Мицкоски.