Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување во 360 степени на МРТ во однос на криминалот, корупцијата и скандалите на власта во земјата и за тоа колку е сериозен во намерата за тоа дека ќе има нулта толеранција за криминал и корупција истакна дека ќе си одговара секој кој се огрешил пред законот без оглед на сè.

Јас сега немам друга алатка освен зборот и треба да се верува на зборот и треба да се верува на зборот и желбата тоа да се направи. Ценам дека преку работаат на градоначалниците и луѓето во локалната самоуправа покажавме и докажавме дека повеќе од 2,5 години немаме ниту основано сомнение за било каков криминал или корупција“, кажа Мицкоски и додаде:

Најдобро е тоа што се слуша по допрен глас да дојде до институциите еве ако до сега овие институции под ДУИ и под СДСМ не успевале да го слушнат тоа што се слуша јас би ги повикал сите оние кои што слушаат такво нешто да го донесат тој глас да го слушнат и институциите кои што утре идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги управува и јас ви гарантирам дека ќе нема милост кон никого. За кој што ќе има докази се разбира. Се што се темели на прекршување на закон и ако има такви докази. Вие велите се слуша тоа значи дека има допрен глас и тоа може да дојде до истражните органи истражните органи тој допрен глас ќе го истражат и доколку има докази за такво нешто јас ви гарантирам дека родена сестра да ми е ќе нема пардон. Тука нема пардон да има, како што рековте има многу политичари кои доаѓале со таква амбиција и таква реторика но за жал времето покажало дека или не успевале или пак се топеле во тоа сивило и тие продолжувале по тој пат. Јас сепак мислам дека сум поразличен од сите кои што ја воделе оваа држава и владата во Македонија.

Во однос на проверка на имотот и целосната состојба и имотот на судиите, Мицкоски истакна дека сето тоа ќе се направи со мечирање на податоците од неколку институции.

Ние многу јасно кажуваме дека ќе направиме проверка на сите граѓани а во нив ќе бидат и овие. Со мечирање на неколку бази на податоци меѓу кои што се УЈП, Катастарот Централниот Регистер и тн и да видиме дали приходите на некое физичко лице соодветствуваат со тоа што тој располага. И јас одам чекор понатаму во таа проверка и велам еве почнете од мене и од моето семејство. Да видиме Христијан Мицкоски во неговиот живот колку даноци уплатил колкави приходи имал преку УЈП, по сите основи, дали е тоа приход по личен доход, дивиденда, некој друг приход итн. Сето тоа УЈП го еведентира“, рече Мицкоски.