Зборувајќи за контрадикторните изјави на министерот за здравство Венко Филипче за купувањето на вакцините произведени во Србија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само интервју“ потенцираше дека тоа само потврдува дека тој сè уште нема никаков план за пандемијата, а луѓе сè повеќе и повеќе умираат.

Суштината на оставките на министрите за здравство и во Австрија и Чешка е дека не успеале да се справат со предизвикот. Ние кога почна кризата рековме дека треба масовно тсетирање и во светот важеше паролата тестирај-тестирај-тестирај, од крајот на минатата година се зборува за вакцинирај-вакцинирај-вакцинирај, а сега за произведувај-произведувај-произведувај. Ние до втората не сме. И треба час посокоро наместо за провизии каде државата да вложи за прозСпоред Мицкоски, најмалку што можеа е да се повлечат, а не грчевито да се борат за своите функции.иводство, вели Мицкоски.

Според Мицкоски, најмалку што можеа е да се повлечат, а не грчевито да се борат за своите функции.

На 15 април министерот вели не ни треба стратешко партнерство со Торлак, за на 16 април да рече ќе ни треба партнерство. Јас не знам дали овие луѓе размислуваат. Како вака се менуваат изјавите од ден во ден. Ако сум политичар и водам политика која не успева се повлекувам, ако е проследена со милион скандали тогаш треба да се одговара, рече Мицкоски.