„Се знае што е победа, под победа се подразбира повеќе гласови од СДСМ. Да имаме градоначалник повеќе, да имаме повеќе гласови на советничките листи. Се знае што е победа, ние не можеме тоа да го релативизираме“, рече Мицкоски коментирајќи дека не би бил изненаден доколку власта се обиде да ги пролонгира престојните локални избори за да ја спушти гласачката енергија која, според Мицкоски, во моментов е на страната на ВМРО-ДПМНЕ.