Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска (30.06.2023) оствари срдечна средба со новоименуваниот амбасадор на Полска во Македонија, господинот Кшиштоф Гжелчик.

Мицкоски му се заблагодари на амбасадорот за постојаната, искрена и посветена поддршка која Полска ја дава на Македонија во целиот изминат период, и искажа подготвеност за плодна соработка помеѓу двете држави дополнително да се продлабочува во иднина, особено кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи Владата на Македонија.

Во врска со европските интеграции, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека истите не смее да се базираат на двојни стандарди и целосно мора да се почитуваат вредностите утврдени со Копенхагеншките критериуми.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот под бугарски диктат и во околности на уцена. Тој дури посочи дека пристапувањето на државата кон ЕУ не смее да биде на сметка на македонските национални интереси.