Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со грчкиот амбасадор во Македонија, Русос Кундурос.
На средбата се разговараше за актуелните во случувања во Македонија, како и членството на Македонија во Европската Унија.
Мицкоски ги реафирмираше позициите за членство во ЕУ и истакна дека Македонија е премногу долго надвор од европскиот пат.
Во однос на економската и здравствена состојба, Мицкоски посочи дека со оваа власт на земја и се случува катастрофа. Државата оди кон економски пропаст, граѓаните стануваат се посиромашни, а помошта која ја нуди власта е недоволна и не е соодветна на потребите и проблемите кои ги имаат граѓаните и бизнисите. Додаде дека бројните афери кои секојдневно излегуваат докажуваат дека власта е високо корумпирана и длабоко вмешана во криминал.
Мицкоски потенцираше и дека владата не успеа доволно и навреме да ги заштити граѓаните за време на пандемијата, премногу се доцни со набавката на вакцини, а власта кога имаше можност да ги набави навреме, гледаше можност како да заработи од провизии, со што граѓаните останаа незаштитени, а нивните животи загрозени.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше и дека е потребно почитување на принципиелните ставови за идентитетските обележја и придобивки кои ги промовира и самата Европската Унија.